И „Гугл“ во знакот на историски успех – роботот Филе

Од:

На почетната страница на глобалниот интернет пребарувач „Гугл“ во изминатите десет часа е поставена анимација на троножниот робот Филе, кој го допре дното на кометата „67П.Чурјумов-Герасименко“.

Европската вселенска агенција (ЕСА) соопшти дека 100 килограми тешкиот робот ја  допре почвата на кометата, вчера околу 17 часот после седуммесечно спуштање од сондата Розета оддалечена 500 милиони километри од Земјата.

ЕСА наведе дека постигнат е прв таков подвиг во историјата на вселенското истражување како и дека тоа е резултат на десетгодишната мисија на проучување на четири километри долгата комета, со цел да се соберат примероци и податоци за кои научниците се надеваат дека ќе им помогне да го дешифрираат потеклото на Сончевиот систем.

Се очекува дека ова ќе придонесе за сознавање на начинот на кои настанале планетите и самиот живот.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ