Во најсилната светска кошаркарска лига НБА ноќеска се одиргаа девет натпревари, а на еден од нив пораз забележа Лос Анџелес Лејкерс што за „езерџиите“ е седми неуспех во осумте дуели сезонава.
Ниту 33. поени на Коби Брајант не му помогнаа на тимот од ЛА да го избегне поразот на гостувањето кај Њу Орлеанс.
На двете најуспешни екипи со биланс 7-1, Торонто и Мемфис, од ноќеска им се приклучи и Хјустон кој триумфираше против Минесота.
Постигнати резултати: Вашингтон – Детроит 107:103, Атланта – Јута 100:97, Бостон – Оклахома Сити 94:109, Мајами – Индијана 75:81, Њујорк – Орландо 95:97, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 109:102, Денвер – Портланд 113:130, Феникс – Бруклин 112:104 и Минесота – Хјустон 101:113.