Арвизу: Посетата на Рама на Србија многу позитивна, Вучиќ во 2015 во Тирана

Од:

Американскиот амбасадор во Тирана, Александар Арвизу ја оцени за многу позитивна посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србија.

Во изјава за медиумите дадена денеска по средбата со Народниот правобранител Игли Тотозани, американскиот дипломат искажува оптимизам дека по “уривањето на 68 годишниот ѕид набрзо и српскиот премиер ќе престојува во Албанија“.

– Ова беше една историска, многу значајна посета. Шеесет и осум години се долг период, во кој високи функционери на двете земји не се сретнале. Многу охрабрувачки е фактот што по инцидентот што се случи на фудбалскиот натпревар, беше одреден нов датум за средба на Рама и Вучиќ и тоа сe испочитува. Понатаму, во Белград се потпишаа неколку спогодби, изјави Арвизу.

Американскиот амбасадор е убеден дека соработката во иднина ќе се унапредува и оти премиерот Александар Вучиќ наредната година ќе ја посети Албанија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент