(ВИДЕО) СДСМ: Зошто институциите дозволија да бидат одземени три човечки животи иако биле предупредени?

Од:

„Тројно убиство во Кавадарци е класичен пример дека системот што треба да спречи насилство, не функционира.

Институциите должни да ги заштитат граѓаните целосно потфрлија.

Сторителот на убиството бил пријавуван неколку пати во полиција и во центрите за социјални работи“, изјави на денешната прес конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Зошто полицијата и центрите за социјална работа дозволија да бидат одземени 3 човечки животи иако биле предупредени што може да се случи?! Дали е тоа соодветно постапување?

За вакви случаи има јасно пропишани протоколи по коишто веднаш треба да се постапи со чекори што ќе ги заштитат жртвите.

Во интерес на граѓаните бараме информации од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи да соопштат колку пати сторителот на трикратното убиство бил пријавуван за семејно насилство и малтретирање?

Дали е точно дека цели две години траело малтретирањето на сега починатите и зошто тоа било дозволено од институциите?

Зошто не му бил одземен пиштолот што го поседувал сторителот, иако во повеќе наварти бил пријавуван за семејно насилство?

Дали попустливоста на институциите се должи на блискоста на убиецот со владејачката ВМРО-ДПМНЕ?

Семејното насилство во Македонија е прашање за коешто многу се зборува, а речиси ништо не се прави.

Нема ефикасна институционална заштита. Лошо се применува заштитата на терен.

Жртвите се оставени само на себе, што се покажа трагично по повеќе одземени човечки животи само во последниов период.

Граѓаните, кои секојдневно слушаат за казни ако не пријавеле семејно насилство имаат право на одговори од Диме Спасов и Гордана Јанкулоска – кој сега ќе понесе одговорност“, рече Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања