Актуелниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, победи на 14-та трка во сезоната, Големата награда на Сингапур.
Возачот на Ред Бул, до третата победа во оваа сезона, вкупно 23-та во кариерата, стигна откако 61 круг на патеката „Марина Беј“ мина за 2:00:26.144 часа.
Втор зад Фетел на целта стигна Џенсон Батон на Мекларен, додека третото место го освои лидерот во генералниот пласман, Фернандо Алонсо.
Трката во Сингапур, покрај победникот Фетел, ја обележа и откажувањето на Луис Хамилтон. Британецот, кој стартуваше од пол позицијата, сигурно ја започна трката имаше водство до 22-от круг, кога мораше да се откаже поради проблеми со менувачот.
Поради инцидентите на трката, на два пати мораше на патеката да излезе безбедносното возило – првиот пат откако Картакијан удри во заштитната ограда, а вториот пат кога Шумахер неконтролирано се заби во болидот на Верњ.
Фетел со оваа победа, на шест трки до крајот на првенството целосно се врати во трка по шампионската титула, Германецот има 29 бодови помалку од Алонсо.
Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи со трката за Големата награда на Јапонија, која на програмата е на 7. октомври.