А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Протестите на земјоделците се перење мозок и создавање лажна слика во јавноста

by А1он23/09/2012 - 21:1414/04/2016 - 11:04169
Share0

Протестите на земјоделците пред општинските организации на најголемата опозициска партија, потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, ги оцени како создавање лажна слика преку камерите и перење мозок, што според него е премногу ниско и дрско од страна на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

-Оваа власт 6,5 години владее во Македонија, со тоа СДСМ исто толку време е во дебела опозиција во државата. Да протестирате по 6,5 години пред опозициона партија е навистина далеку од памет. Но, тоа што е сериозно и како такво сакам да го кажам законот не беше поддржан од страна на СДСМ поради трите наши амандмани кои потекнаа од земјоделците и кои искрено веруваме дека ќе го подобрат аграрот.

Еве, сега во новиот закон што се подготвува се вградени тие амандмани и апсолутно на сите им е јасно кој ја носи одговорноста при гласање на ваков закон. Владеачките партнери не можеле да се договорат при изгласувањето на еден таков закон и сега се лоцира вината кај опозицијата, навистина е премногу ниско и дрско од страна на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Голем дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа за законот, оние што го опструираа жално е да ви пуштат земјоделци кои денеска живеат со исклучена струја, немаат пари да ги пуштат децата на училиште, да им купат ужина и голем дел од нив вработени во државната администрација, доаѓаат на еден дрзок начин да протестираат пред опозициона партија, но народот не е слеп и ќе им го кажа својот збор на наредните избори, рече Заев кој денеска присуствуваше на второтa годишнa средба на млади фармери што се одржа во селото Габрово, Струмичко.


 

Сузана тасева

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски19/08/2020 - 19:3219/08/2020 - 19:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен