Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија во разговорите со претседателот на албанската влада покажала вистинско гостопримство и дека воздржано, гордо и примерно реагирала на однапред подготвеното сценарио.
Тој истакна дека нивната политика е решавање на проблемите преку разговори и дека тоа го гледа како политика на иднината.
Вучиќ ги отфрли критиките дека требало поинаку да реагира на провокацијата на Рама.
-Доколку некој мисли дека сериозна политика ќе беше да имав мотика во рацете со која ќе го удирав Рама, тоа не е сериозна политика, а тие кои што ми држат предавања дека тоа сум требал да го направам и кои велат дека би направиле такво нешто, помали се од маково зрно- нагласи премиерот.
Е. Г.