А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележан Денот на ослободувањето на Куманово

by А1он11/11/2014 - 15:54125
Share0

Општина Куманово денеска го одбележа Денот на ослободувањето на градот. По тој повод делегации од Сојузот на борците, локалната самоуправа, АРМ, МВР, амбасадите на Хрватска и Унгарија, како и невладиниот сектор и политичките партии положија цвеќе пред Спомен Костурницата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Осврнувајќи се на историските настани од тој период потпретседателот на Општинската организација на Сојузот на борците Цоки Ристовски истакна дека Куманово даде огромни жртви во НОБ.

– Денес сме тука да го означиме овој значаен ден и дадеме ветување дека она што некој го создал, дал жртви, треба да го чуваме, негуваме и надградуваме. Тоа ни е завет и историска обврска на сите кон нашиот народ, нашите претходници и должност кон идните генерации, рече Ристовски.

Општина Куманово организираше свечен прием за градоначалниците од збратимените градови Кампина, Чорлу, Бјелина, Кампина, Никшиќ и Чукарица.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски зборувапе за развојот на Куманово по ослободувањето, а воедно посочи дека годинава се одбележуваат и 495 години од постоењето на градот.

Претседателот на Советот на општината Максим Димитријевски најави дека вечерва Советот ќе оддржи свечена седница на која членовите на етничките заедници во советот ќе се обратат пред присутните, а воедно ќе бидат врачени благодраници на граѓаните кои дале придонес за развојот на Куманово.

Советот на општина Куманово вечерва ќе ги додели и „Ноемвриските награди„ на поединци, претпријатија, установи и здруженија на граѓани.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:13

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:07

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:14

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он29/06/2026 - 15:0429/06/2026 - 15:05

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Горан Наумовски20/06/2026 - 11:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео