Во Грција операција за спречување на сириски бегалци нелегално да влезат во Албанија

Од:

Грчката полиција почна операција на границата со Албанија за спречување на сириските бегалци нелегално да влезат во соседната земја, а оттаму да се упатат кон некоја од европските држави.

Сириските бегалци изминатиот период се населуваат во импровизирани објекти во западна Грција.

Грчките власти се обидуваат да ги спречат сириските бегалци да заминат за Албанија, бидејќи често пати тие се апсени во таа земја, а потоа се враќани во Грција.

Повеќето од сириските бегалци поседуваат дозвола за шестмесечен престој во Грција, издадена од властите во земјата, но тие немаат право да се движат во пристаништата Пиреја, Патра, Игуменица и Керкира, од каде би можеле да се префрлат во друга европска земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1