Цедевита рутинирано против Левски

Од:

Кошаркарите на Цедевита забележаа убедлива победа против Левски од Софија во последниот натпревар од 7.коло од Јадранската кошаркарска лига. Конечниот резултат на дуелот одигран синоќа во Загреб е 86:68. Хрватскиот претставник победата ја обезбеди во третиот период кој го доби со 27:8.

Најефикасен играч во победничкиот состав беше Лука Бабиќ со 17 поени, додека кај гостите од Бугарија се истакна Павлин Иванов со 23 поени.

Претходно, Цибона победи на гостувањето кај Крка со 80:70, лидерот на табелата Црвена Звезда забележа гостинска победа кај Шолнок со 89:65, Металац славеше над Игокеа со 81:68, МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето кај Партизан со 65:50, Будуќност ја совлада Мега Визура 88:80, а Задар загуби дома од Олимпија 60:67.

Табела: Црвена Звезда 7-0 (победи-порази), Будуќност 6-1, Крка 5-2, Цедевита 5-2, Олимпија 4-3, Мега Визура 4-3, Шолнок 3-4, Партизан 3-4, Цибона 3-4, Игокеа 2-5, Задар 2-5, Металац 2-5, МЗТ Скопје Аеродром 2-5, Левски 1-6. 

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос