Конкурс за најдобар цртеж на тема „Мојот дом“

Од:

„Лице в лице“ распиша конкурс за ликовни творби на тема „Мојот дом“, на кој може да учествуваат деца од пет до 10 години. Конкурсот се организира во пресрет на  подготовката на новиот број на „Лице в лице“, чија носечка тема е „Правото на домување“.

Конкурсот трае од денеска до 24 ноември, до кога творбите на малите креативци во дигитална (скенирана) верзија треба да се пратат на електронската адреса: [email protected]. Може да се праќаат скенирани верзии на цртежи направени на хартија или дигитални цртежи кои децата ги направиле на таблети, на мобилни телефони или на слични гаџети од новата технологија.

За најдобрите три дела од пристигнатите ќе одлучува тричлено жири, а за најуспешните мали автори ќе бидат обезбедени пофалници и награди, како и објава на страниците на новиот број на единственото улично списание во земјава „Лице в лице“.

– Целта на овој повик е да се поттикне детската креативност и фантазија, но, во исто време, сите заедно да размислуваме за правото на домување на секој човек, соопшти Центарот за медиумски активности (ЦМА) од Скопје, кој го издава списанието „Лице в лице“.

Заедно со „Хабитат Македонија“, ЦМА креираше иницијатива за промоција на домувањето, што ќе биде разработено во новиот број на „Лице в лице“, во кој ќе бидат објавени и дел од најуспешните творби што ќе пристигнат на конкурсот.

Би можело да ве интересира

Промоција на видео „Да се обидеме и вака“ посветено на образовниот процес

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“

Пратениците Морачанин и Ибраимоски работеа заедно со продавачите на „Лице в лице“

Ана Ололовска

Новиот број на „Лице в лице“ посветен на врсничкото насилство

Ана Ололовска

Писателката Јагода Михајловска Георгиева и продавачите на „Лице в лице“ во заедничка акција

Наум Локоски

Продавачите на „Лице в лице“ на средба со пратениците: Ја движам промената, читам „Лице в лице“

Наум Локоски