МОН: Средствата за образованието од 2006 се зголемни за 67 отсто

Од:

Залуден е обидот на СДСМ, состојбите во образованието да ги претстави како катастрофални, затоа што сите инвестиции кои оваа Влада досега ги вети пред граѓаните, се остварени или реализацијата е во тек и конечно, истите се видливи и мерливи, стои во реакцијата од Министерството за образование и наука на денешната прес-конференција на СДСМ.

Развојот на образованието е еден од клучните приоритети во работењето на Владата на Република Македонија, а за тоа доволно говори податокот дека од 2006 година до сега, буџетот наменет за оваа сфера е зголемен за 67 проценти. Во овој период, се посочува во реакцијата од МОН, изградени се нови 45 основни и 5 средни училишта, а реконструирани се 230 основни и 80 средни училишта за што се вложени повеќе од 2,2 милијарди денари. Изградени се 41 училишна спортска сала во вредност од 1,2 милијарди денари, набавени се компјутери и дополнителна информатичка опрема за сите ученици и наставници.

МОН во реакцијата подвлекува дека веќе шест години по ред се обезбедуваат бесплатни учебници за учениците, кои во времето на СДСМ родителите ги чинеа многу пари, а за што оваа Влада досега одвои повеќе од 35 милиони евра, обезбеден е бесплатен превоз за учениците коишто живеат на повеќе од 2 километри од училиштата, обезбедени се бројни нови можности за стипендирање на учениците…

Со зголемувањето на буџетот наменет за образование, стои во пишаната реакција, паралелно е зголемен и износот на блок дотациите кои им се префрлаат на единиците на локалните самоуправи, кои, со процесот на децентрализација се задолжени за реализација на основното и средното образование на ниво на општина.

Тие се утврдуваат на почетокот на секоја година и истовремено се дефинира динамиката на исплатата, којашто, од почетокот на оваа календарска година е во целост реализирана. Така ќе биде и во иднина, затоа што грижата кон најмладите е темел на принципите во нашето работење, се вели во реакцијата на МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови