Рама пристигна во официјална посета на Белград

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во официјална посета на Белград, што е прва посета на албански државник по 68 години, по посетата на Енвер Хоџа на поранешна Југославија.

Еди Рама го пречека српскиот премиер Александар Вучиќ, а во делегацијата беа и министрите Ивица Дачиќ, Небојша Стефановиќ, Жељко Сертиќ и директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ.

Предвидено е Вучиќ и Рама да имаат тет-а-тет средба, по што делегациите на двете земји ќе одржат пленарна седница. На средбата предвидено е и потпишување на договори.

За денешната посета на Србија на албанскиот премиер, што е прва официјална посета на највисоко ниво на албански државник по 68 години, акредитирани се околу 200 новинари.

Посетата на албанскиот премиер првично беше закажана за 22 октомври, но беше одложена поради инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу националните тимови на Србија и Албанија на 15 септември во Белград.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент