Неодолива торта од палачинки

Од:

Неодоливи палачинки, солени, слатки, со ореви, плазма кекси, разни кремови, сладолед, овошје…

Потребно е:
класично тесто за 20 палачинки

за кремот:
2 чаши млеко
1 лажица екстракт од ванила
6 жолчки
1/2 чаша шеќер
1/3 чаша густин
4 лажици путер

Подготовка:

– Испечете ги палачинките, малку подебели од вообичаено. Оставете ги на страна да се изладат убаво. Во меѓувреме подгответе го кремот.

– Сварете го млекото и тргнете го на страна. Додадете го екстрактот од ванила и оставете го да стои 10 минути.

– Во друг сад изматете ги жолчките, шеќерот и густинот и полека додавајте го млекото со постојано матење со рачна маталка. Кога смесата убаво ќе се измати, вратете го садот на рингла, повторно да проврие кремот со постојано мешање. Кремот ќе се згусне за 1 до 2 минути. Тргнете го на страна и веднаш додадете го путерот и измешајте. Кремот пресипете го во плиток сад за да се излади побрзо, прво на собна температура, а потоа во ладилник.

tortaPalacinki1

– Во ладниот крем додадете ја изматената слатка павлака. Матете со миксер додека не добиете хомогена смеса.

– Сега почнете со редење на тортата. Ставете една палачинка на чинија за послужување и премачкајте ја со тенок слој од кремот. Истата постапка повторете ја со сите 20 палачинки.

– Вака наредената торта од палачинки посипете ја со шеќер во прав и оставете да се излади.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска