Возачот на Мерцедес Нико Розберг го освои првото место на денешната трка за Големата награда на Бразил што се возеше на патеката „Интерлагос“. Ова за него е петта победа сезонава или вкупно осма во кариерата. Ова за тимот на Мерцедес беше вкупно 15.та победа сезонава.
Розберг имаше нешто повеќе од една секунда предност во однос на второпласираниот неговиот клупски колега Луис Хамилтон, а место на подиумот (трет) избори Бразилецот Фелипе Маса од Вилијамс.
Шампионската титула ќе се решава на последната трка што се вози на 23.ноември во Абу Даби. Според новиот формат на бодови на последната трка ќе бидат доделени „дупли бодови“ и победникот на таа трка ќе освои 50.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 334 бодови, Розберг има 317, а Даниел Рикардо 214, додека светскиот првак Себастијан Фетел има 159.
Во конкуренција на конструктори води Мерцедес со 651 бод, пред Ред Бул со 373, Вилијамс има 254, а Ферари 210.