Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја освои пол позицијата откако попладнево имаше најдобро време во квалификациите на претпоследнта трка во шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Бразил.
Германецот Розберг имаше 0.033 секунди подобро време од клупскиот колега Луис Хамилтон. Разликата меѓу двајцата возачи во генералниот пласман е 24 бодови во корист на Хамилтон.
За Розберг ова е 10-та пол позиција годинава или вкупно 14-та во кариерата.
Во вториот ред ќе бидат Фелипе Маса и Валтери Ботас двајцата возачи на Вилијамс. Џенсон Батон од Мекларен имаше петто време, а светскиот шампион Себастијан Фетел ќе стартува од позицијата број шест.
Трката за Големата награда на Бразил е претпоследната во календарот за 2014 година.