Снимката со портокаловото „Пежо 106“ превртено и запалено за време на протестите во Брисел против владините економски мерки беше главна тема во белгиските медиуми. Сопственикот на автомобилот денеска изјави дека е обештетен благодарение на солидарноста на интернет корисниците.
Бруно Дијен специјалист по електронски маркетинг, погоден од несреќата на Гарафи, утрово почна кампања на сајтот gofundme.com, повикувајќи ги корисниците да го финансираат неговиот проект.
– Гарафи е електротехничар и има потреба од автомобил, за да оди на работа. Да собереме доволно пари, за да може Абдеслам и семејството да продолжат да придонесуваат за општеството. Не можам да прифатам едно малцинство да го уништува животи и таа поделба да оди до крајни граници, напиша Дијен, предлагајќи да се соберат 2.000 евра.
За седум часа повеќе од илјада интернет корисници се одзвале на апелот на Дијен и собрале 14.500 евра.
– Ви благодарам на сите за вашите донации! Ја надминавме првичната цел и ќе можеме да им помогнеме на други луѓе, посочи Дијен.
Гарафи наведе дека не занел за кампањата за обештетување и оти не може да поверува.
За време на протестите во Брисел запалени се 11 автомобили, а околу 60 се искршени.