ЗНМ: Владата без тендери ќе огласува во печатени и он лајн медиуми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија ги оценува како скандалозни измените и дополнувањата на Законот јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите. Ваквите измени се дрско однесување на Владата кон препораките на европскиот извештај за оваа година и кон заложбите на новинарските и медиумските организации.

Наместо Владата да ги следи европските препораки и да воспостави критериуми за распределба на јавни пари во медиумите, со ова решение се отвора можност за уште понетранспаретно трошење на јавни пари во медиумите.

Станува јасно дека Владата нема намера да воспостави ред во огласување во медиумите, туку да го зголеми притисокот врз нив и да ја купи нивната наклонетост.

Бараме Владата да ги повлече овие измени и низ отворена дебата да се изнајдат решенија за забелешките на Европската унија и на новинарските и медиумските организации.

Во постојниот закон јавните институции немаат обврска да објавуваат тендери за купување рекламен простор во телевизиите и радијата, додека со измените ваквата практика ќе се применува и врз печатените медиуми и електронски портали.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски