Никаде во светот новинари не тужат новинари туку ги штитат своите права едни со други смета новинарот Ацо Кабранов.
Тој вели дека тој и неговиот портал се соочуват со неколку тужби од новинари за пренесени информации од јавни прес конференции, а причина за тужбата биле нарушениот мир и предизвикувањето душевна болка.
„Имам тужба од Латас дека иронично сум го нарекувал професор-доктор. Па тој има титула професор-доктор. Како тој знае дека во текстот јас сакам да направам иронија со тоа. Еве искрен сум, да правам иронија. И премиерот сега призна дека на приватните факултети се штанцаат дипломи. Што правиме сега. Целата на владата е да се расправеме по судници и да немаме време да истражуваме“, рече новинарот Ацо Кабранов.