Лондон и Берлин подготвиле план за деблокирање на реформите во БиХ

Од:

Велика Британија и Германија подготвиле план за деблокирање на реформите и извлекување на БиХ од калта на стагнацијата. Планот е „кроен“ повеќе месеци и според него, БиХ ќе биде членка во ЕУ до 2025 година.

Далеку од очите на јавноста, Лондон и Берлин консултирале претставници на дипломатската и меѓународната заедница во БиХ, но и во Брисел и на невладиниот сектор, како и независни интелектуалци, дознава весникот „Дневни аваз“.

Планот бил објавен од британскиот и германскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд и Франк Валтер Штајнмаер, кои побарале од босанските политичари во пишан документ да се обврзат за институционални реформи на сите нивоа и да усогласат план за пошироки политички и економски реформи.

За возврат, Велика Британија и Германија ќе се заложат да добијат поддршка од европските држави за одобрување на Договорот за асоцијација и стабилизација на БиХ, со што би се обезбедиле и претпристапни средства од ЕУ за понатамошни реформи.

„Дневни аваз“ пишува дека тој план е создаден во четири чекори и во него БиХ би требало да се доведе до стадиум во кој бирократите од Брисел би „чешлале“ поглавје по поглавје со цел да ја „направат“ БиХ според европски стандарди.

Амбициите се дека до крајот на следната година БиХ би била во ист ранг како и Албанија. Ако тој план се оствари, БиХ најдоцна за 10 години, доколку постои политичка волја на државата, ќе биде полноправна членка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД