Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно е без тренер откако доцна синоќа Врбица Стефанов поднесе оставка на тренерската функција.
Тимот на утрешното гостување во Белград од АБА лигата против Партизан ќе биде предводен од помошникот на Стефанов, а претходно и на Змаго Сагадин, Боби Митев.
Управата на „металците“ по одигрувањето на овој дуел ќе реши, дали ќе донесе нов тренер или пак Митев ќе го предводи тимот и во иднина.