Судири меѓу полицијата и демонстранти во Брисел

Од:

Најмалку 12 полицајци и повеќе демонстранти се повредени во вчерашните судири за време на масовни протести против владините мерки за штедење во Брисел.

Полицијата употреби водени топови и солзавец откако дел од над 100.000 демонстранти почна да оштетува автомобили и продавници за време на денешниот протестен марш во главниот град на Белгија.

Протестите се организирани од водечкиот белгиски синдикат и левичарските партии, со цел да се принуди владата да се откаже од намерата за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и либерализација на пазарот на труд.

Судирите се ограничени во јужниот дел на градот, а полицијата за насилставата ги обвинува пристанишните работници од Антверпен и екстремистичките левичарски групи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски