Интересен рецепт за едни здрави колачиња кои многу брзо ќе ги подготвите …
Потребно е (за 12 мафини):
2 чаши (од 200мл) брашно
3/4 чаша кафеав шеќер
1/2 чаша овесни снегулки
1/2 лажиче сода бикарбона
1/2 лажиче прашок за пециво
1/2 чаша чоколадни зрнца
прстофат сол
3 зрели банани
1/2 чаша масло
печени лешници
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите суви состојки и додадете ги изгмечените банани и маслото.
– Во калапот за мафини наредете хартиени корпички и наполнете ги со горната смеса, но не до крај туку оставете 1 см од крајот на корпичката ненаполнет.
– Одозгора посипете со чоколадни зрнца и сецкани печени лешници.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.