Третиот светски тенисер Рафаел Надал ја напушти болницата по операцијата на слепото црево.
– Болка сеуште чуствувам што е и нормално. Ова сепак беше едноставна операција на слепо црево. Сакав да се јавам за сите што беа заинтресирани за моето здравје, рече Надал.
Не сакаше многу да зборува за тенисот и најави дека за 3-4 недели ќе почне да тренира со цел во новата сезона да влезе подготвен.