Ова е нашата верзија за едни едноставни, здрави и многу вкусни колачиња …
Потребно е (за 10 колачиња):
40 гр кокосово брашно
20 гр мелени бадеми
30 гр овесни или јачменови снегулки (кратко сомелете ги)
2 лажици кокосово масло
2 лажици путер од бадеми (или обичен путер)
1/2 зрела банана
сол
ванила
1/4 филџан чоколадни зрнца
1/4 лажиче сода бикарбона
2 лажици кокосов шеќер (мусковадо)
Подготовка:
– Зрелата банана испасирајте ја со вилушка и додадете ги сите останати состојки. Убаво измешајте за да се спојат сите состојки. Ако смесата е премека, ставете ја на кратко во фрижидер да се стегне.
– Потоа со лажица вадете од смесата и обликувајте топчиња. Топчињата наредете ги на тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути.