Нема човек кој не сака работи за кои не би морал да плати. Па дури и кога ќе платиме ноќевање во хотел, воодушевени сме кога покрај тоа ќе добиеме бесплатни чоколатциња во минибарот, или кога со картата за концерт ќе добиеме гратис ЦД од изведувачот.
Но во последните неколку години, под теретот на се поголемата криза, бесплатните работи се се помалку. И можеби ќе дојде како неверување во она е листата на нешта, кои денеска ги “преплаќаме“, а во минатото биле сосема бесплатни. Листата ја изработи веб порталот Money Talks News.
1. Авионските услуги
Дополнителен багаж, гледање филмови во текот на летот, храна, вода, сетоа ова беа работи кои сосема нормално следуваа во текот на авионскиот лет со самото купување на авионска карта. За жал, денеска тоа не е така. Дури и едно мало шишенце со вода, “во воздух“, се наплаќа двојно, тројно повеќе отколку што би го платиле “на земја“.
2. Испорака на храна
Некогаш бесплатна, а денеска се повеќе и повеќе ресторани ја наплаќаат доставата на храна до дома.
3. Банкарски услуги
Во денешно време, наплатата на банкарските услуги нема крај,а во минатото ова немаше да ве чини ниту денар.
4. Телевизија
Да, да во минатото и телевизијата била бесплатна. Иако домашната антена се “расшетуваше“ по пола куќа за да се фати подобра слика, услугите беа бесплатни. Денеска иако некој од локалните ТВ станиците се повторно бесплатни, милиони домаќинства плаќаат за пристап до сателитските и кабелските програми, но и за државните радиодифузери.
5. Информации
Иако се поголема е бројката на интернет портали, се повеќе расте и бројот на оние кои одлучуваат да им наплатата на своите корисници за пристпот до дигиталната содржина на нивните информации. Ако на ова се земе, дека некогаш дури и весниците не се наплаќале, скапо не чини “ пристапото до информациите и новостите“ во денешено време.
6. Собирање на сметот
Собирањето на сметот, (или популарно ѓубретарината) е можеби трошок, кои сите со тешко срце го плаќаме, а некогаш одмана беше бесплатни. Иако ова се трошоци кои не можеме да ги избегнеме, се повеќе и повеќе домаќинсва одлучуваат да ги однесат конзервите и пластичните шишиња на рециклирање, како би надокнадиле барем малку од парите кои ги плаќаат во оваа цел.
7. Услугите не безиските станици
Зачудувачки е фактот што се повеќе и повеќе бензиски станици во светот, покрај наплатата на гориво, во сметката ќе ви ја пресметаат и услугата за точење на истото.
8. Дополнителени и вонучилишни активности
Како да образованието не е само по себе доволно скапо, се повеќе училишта наплатуваат се повеќе и повеќе за храна, здравствено осигурување, обезбедување, па дури и за паркинг простор. Ако некогаш часовите по странски јазици беа задолжителни во училиштата, па дури и бесплатни како вонучилишни активности, сега нема дете кое не посетува курсеви кои се наплаќаат и од семејниот буџет одземаат значителна сума на пари. Значително пораснаа и цените за излетите, екскурзиите.
9. Информации за телефонски броеви
Услугата за инфомрации за телефонски броеви, некогаш беше бесплатна. Сега нема оператор кој не ја наплаќа. Се повеќе и повеќе луѓе одбираат да се вратат на старомодниот начин на инфомрирање – телефонскиот именик.
10. Плаќање на сметки преку мобилен телефон
Технологијата напредува, но расте и итрината кај мобилните оператори. иако денеска скоро сите сметки можеме да платиме преку мобилниот телефон, се повеќе и повеќе мобилни оператори се одлучуваат да ја наплатат оваа услуга.