Графики од Меѓународното биенале во Тетово на изложба во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба на графики од мал формат од Меѓународното биенале во Тетово.

На изложбата ќе бидат претставени 240 графики во сите графички техники, дела на графичари од 70 држави.

– Изложбата претставува пресек на графичките вештини на уметниците-графичари во изминатите 13 години – од првото биенале во 2001 година, до последното во 2013 година, соопшти КИЦ на РМ во Софија, кој ја организира изложбата заедно со НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово и со поддршка од македонското Министерство за култура.

Изложбата во Софија ќе ја отворат  Васко Шутаров и Велимир Цветановски и ќе може да се посети до 21 ноември.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он