Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Од:

Две години затвор за Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Вака одлучи судот во Тетово, откако тој на денешното рочиште призна вина.

Во септември 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врати предметот на повторно судење во основниот суд.

Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он