Почнува „Агрофуд 2014“

Од:

Од денеска на Скопскиот саем почнува најстарата саемска манифестација „Агрофуд 2014“. Во текот на следните неколку дена компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и за првпат од Холандија ќе ги претстават најновите достигнувања во областа на земјоделството.

Ќе бидат презентирани нови машини во земјоделската агромеханизација, разни видови вештачки ѓубрива, машини што се користат во индустријата за пакување и амбалажирање на храна и пијалоци, како и новините во конзервната индустрија, органската храна, хортикултурата….

Холандските компании кои го најавија своето учество на саемот, на изложбен простор од 100 метри квадратни ќе се претстават со линии за сортирање на овошје и зеленчук, производство на иглолисни дрва, опрема и инсталации за преработка на жито, решенија за сточна храна, ѓубрива, заштита на посеви и начини за амбалажирање цвеќе во хортикултурата и земјоделството и.т.н.

Како дел од саемската манифестација традиционално и годинава ќе бидат Федерацијата на фармери на Македонија и Здружението на земјоделци, а свој изложен простор ќе има и општина Гази Баба.

Во конгресниот центар на Скопскиот саем најавено е и одржување на трибини на кои ќе се дебатира за менаџирање на фарма преку информатичко-комуникациските технологии, за перспективите на прехранбената индустрија и за адаптацијата на земјоделството кон климатските промени.

Саемот ќе го отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и заменик амбасадорот на Холандија, Питер Верхејн.

Организаторите очекуваат посетеност од околу 15 илјади луѓе, а саемот го гледаат како можност за започнување или продолжување на соработката на македонските компании со фирмите од регионот.

Саемот ќе биде отворен до сабота од 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен. 

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници