СДСМ Крива Паланка: Кој и зошто ги штити фирмите кои ги прекршуваат работничките права во Крива Паланка?

Од:

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски толерира грубо кршење на работничките права во конфекционерската и чевларската индустрија во Крива Паланка.

Според информациите што се доставени до нас, вработените во текстилната индустрија наместо пријавените 40 часа неделно, работат  по 9 или 10 часа на ден, и тоа пред очите на трудовата инспекција. Тоа се вкупно над 60 часа неделно, без слободен ден за викенд или празник“, изјави Ивана Ристовска, член на ИО на ОО СДСМ Крива Паланка.

„Ако платата се подели со вкупниот број на работни часови повеќе од јасно е дека ова е историски најниската цена на трудот во Македонија.

Според неделните работни часови овие работници заслужуваат минималец од 16.200 денари веднаш, а не 10.900 денари во 2018 година. До тогаш е само прашањето како да се преживее.

Ова е уште еден доказ дека минимална плата од 8.800 денари е неуспех на актуелната власт на Никола Груевски.

Друг проблем е тоа што вработените во конфекционерската и чевларската индустрија во Крива Паланка немаат право на годишен одмор. Него го има само на хартија.

Според информациите кои ги имаме, голем дел од работниците се приморани да потпишуваат бланко решенија на кои нема датум, ниту период за годишен одмор, туку само име и презиме. Ваквите незаконски решенија се само покритие за работодавачите и можност за експлоатација на работничкиот труд, и ускратување на нивните права.

Зошто се ликвидираат фирми и се отвораат нови на секои шест месеци, зошто нема исплата на К15, зошто се потпишуваат бланко отказни решенија, се само дел од прашањата на кои треба да одговорат надлежните.

Секако до колку некој работник се обиде да побара одговор на овие прашања, како казна веднаш добива отказ.

Во интерес на граѓаните и заштитата на правата на работничката класа потребна е брза реакција на надлежните институции.

Граѓаните очекуваат одговорност и одговори. Зошто не регираат трудовите инспектори?

Кој и зошто ги штити фирмите кои ги прекршуваат работничките права во Крива Паланка“, праша Ивана Ристовска, член на ИО на ОО СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ