За зимско одржување на кумановските улици одвоени 13 милиони и 900 илјади денари

Од:

Општина Куманово за зимското одржување на улиците ќе одвои 13 милиони и 900 илјади денари, информираат од одделението за јавни набавки од општина Куманово. Тендерот е завршен и избрани се две приватни компании од  Куманово и од Скопје.

– За пофункционално одржување во периодот, градот поделен е на две зони источна и западна зона.Фирмата од Скопје ќе ја одржува источната страна, додека кумановската е задолжена за западниот дел од градот, изјави раководителот на одделението за јавни набавки, Дарко Станојковски.

Фирмите во овој период се подготвуваат за стартот на сезоната.Овие средства се доволни за тековно оддржување на улиците во периодот од 15 ноември до 15 мар, информираат од сектрот за урбанизам од општина Куманово. Како што соопштија од ресорниот сектор, фирмите ја поседуваат потребната механизација за зимско оддржување на улиците, дел од нив приспособени и за тесните улици од централното градско подрачје.

– Двете фирми располагаат со залиха од 100 тони  сол.Овие количини се определени како неопходни за првите врнежи од снег.Пред почетокот на сезоната,ќе извршиме контрола на фирмите, вели помошникот раководител на секторот за урбанизам,Момчило Јовановски.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе