Работна средба на директорката на ФЗОМ со новиот тим на Стоматолошката комора

Од:

Актуелните состојби во сферата на стоматологијата, бројот на матични стомаотлози и договори со приватните здравствени установи – стоматолошки ординаци, како и буџетот на ФЗОМ за стоматолозите и методогологијата по која ќе се распоределува, беа тема на првата официјална средба на новото раководство на Стоматолошката комора на Македонија, на чело со претседателот, проф. д-р Владимир Поповски со директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Парнарџиева-Змејкова го истакна своето задоволство од фактот дека секоја година се зголемува бројот на договори, што Фондот ги склучува со стоматолозите, што, како што рече, е од огромно значење за осигурениците и го подигнува нивото на стоматолошка здравствена заштита во државата.

На средбата стана збор и за следните мерки кои може да се преземат во насока на превенција и промоција на оралното здравје во Македонија, со особен осврт на потребата да се зголеми свеста од важноста на оралното здравје, посебно кај младата популација.

Првата официјална среба на Стоматолшката комора и Фондот, според новоименуваниот претседател Поповски, претставува симбол на продлабочување на соработката, со цел на партнерски начин да се изнаоѓаат заеднички решенија за предизвиците со кои што се соочуваат стоматолозите.

Тој информираше за активностите на кои Комората во моментов е фокусирана, како што е новиот Статут на Комората и правилниците важни за работата на еснафската организација.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on