Врховниот суд на Намибија денеска ја потврди пресудата според која здравствените работници во оваа земја неовластено стерилизирале жени со ХИВ без нивна согласност, сооопшти јужноафриканската организација за заштита на човековите права „Садерн Африка литигејшн сентер“.
Оваа организација истакна дека во пресудата на намибискиот Суд се наведува дека здравствените работници присилиле три ХИВ позитивни мајки да потпишат дозвола за стерилизација, иако тие во целост не разбрале што пишува во документот, пренесуваат американските медиуми.
Во соопштението на „Садерн Африка литигејшн сентер“ се наведува дека судот со тоа испратил порака до Владата на Намибија да ја прекине праксата на присилна стерилизација на жените заразени со ХИВ, за што уште од 2007 година постојат многубројни извештаи .
Според податоците на агенцијата на Обединетите нации-УНАИДС, во Намибија има околу 250.000 лица заразени со ХИВ, што сочинува повеќе од десет отсто од вкупниот број на населението