Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е поразен од загрепска Цедевита во натпревар од регионалната кошаркарска АБА лига.
Во дуелот од 5. коло одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански„ кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа четвртиот пораз во АБА конкуренцијата откако гостите од Хрватска славеа со 61:76.
Единствено Марко Симоновски со 12 поени беше двоцифрен во редовите на МЗТ Скопје, додека за Цедевита најефикасен беше Билан со 15, додека Бабиќ и Делаш придодадоа по 13 односно 11 поени.
Покрај овој меч, кој е од 5. коло, денеска се играат и средбите: Цибона – Шолнок 96:92, Игокеа – Партизан и Црвена звезда – Будуќност.
Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со средбата Мега Визура – Задар.
Вчера, Крка во Софија ја победи екипата на Левски со 70:68, а во Љубљана, Олимпија беше изненадена од Металац.