Денеска е првиот Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинари и по тој повод заменик-премиер и министер за надворешни работи на Крлаството Белгија, Дидие Рејндерс, ја потврди посветеноста на Белгија за промовирање на слободата на изразување и слободата на онлајн и офлајн медиумите.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Рајндерс повика дека почитувањето на ова фундаментално право е неопходно за индивидуалното достоинство и исполнување и е суштинска основа за демократијата, владеењето на правото, мирот и стабилноста.
– Преку нивната работа, новинарите помагаат во зачувувањето на основните вредности на нашата демократија со држење на оние на власт да бидат одговорни кон граѓаните. Граѓаните треба да имаат непречен пристап до информациите и да имаат свој збор во една демократија. За жал, критичната улогата на новинарите и на медиумите често се премногу нарушени со заплашување и насилство. Понекогаш новинари дури и плаќаат со своите животи за работата што ја извршуваат – посочи заменик-претседателот на белгиската Влада.
Дидие Рејндерс ги повика власти на земјите низ светот да преземат вистински чекори за да ги пронајдат и да ги гони сторителите на кривични дела против новинарите.
Минатата година, белгиската дипломатија презема иницијатива за заштита на новинарите во Сомалија, Сирија и други земји во светот каде што е тешко за медиумски работници да ја завршат својата работа. Минатата недела, белгиската делегација во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева се заложи за слобода на медиумите во двете земји, кога тие го презентираа билансот на состојбата со своите човекови пред меѓународната заедница.
За белгискиот вицепремиер Рејндерс, важно е дека Белгија и Европската унија продолжуваат да се залагаат за слобода на медиумите и безбедност на новинарите во билатералните контакти, во европски и глобален контекст, и во регионални и меѓународни организации, вклучувајќи ги Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Советот на Европа.
– Нашата земја ќе го преземе претседателството на втората организација од 13-ти ноември. Затоа, Белгија ќе ја промовира слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во овој капацитет, заклучи Рејндерс.