Зимата која доаѓа ќе биде најладната во последните 100 години, а ќе зафати голем дел од Европа, прогнозираат британските метеоролози.
Големи врнежи од снег ќеја затрупаат Европа, пропратени со ниски температури. Според проценките на британските метеоролози, студената зима ќе ја окова Европа дури 5 месеци.
Тие најавуваат дека првиот студен бран може да се очекува во ноември.
За јануари се предвидува рекордно ниска температура од минус 27 степени, и тоа речиси на целиот континент, вклучувајќи го и Балканот.
Наглото заладување со себе носи и снег, и најавуваат дека тоа ќе се случи во втората половина на ноември.