СДСМ: Целосна лага се тврдењата дека Зоран Заев финансира некој медиум

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во целост ги демантира наводите во текстот на „Република“ превземен и од останатите владини медиуми.

Целосна лага се тврдењата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, финансира некој медиум. Ниту претседателот на СДСМ ниту пак некој од раководството на партијата финансира некој медиум во Република Македонија.

Измислица се и тврдењата дека причина за згаснувањето на споменатиот медиум е некакво повлекување на средства од страна на претседателот Заев.

Впрочем, СДСМ, со писмена реакција ги демантираше овие шпекулации уште на 19-ти октомври оваа година.

Спроведувањето на нарачките на власта, преку измислени конструкции во владините медиуми, само ја потврдува владината контрола за која сериозно забележува и Европската комисија.

Поврзувањето на претседателот на СДСМ со финансирање или згаснување на некој медиум е целосна невистина која му нанесува штета на угледот и честа на претседателот Зоран Заев.

Врз основа на погоре наведеното, согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, од „Република“ како и од останатите медиуми што го пренесоа спорниот текст, бараме извинување и јавно повлекување на објавените невистини.

Во смисла на став 2 и 3 од истиот член очекуваме јавно повлекување и извинување да биде објавено на исто место и во ист обем како и спорниот текст, најдоцна во рок од 48 часа.

Во спротивно ќе следува законска постапка“, се вели во демантот на СДСМ на текст во „Република”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски