Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции

Од:

Две реномирани француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово.

Прашан што поконкретно ќе преземат по потврдувањето на сомнежите, министерот Тодоров рече дека уште веднаш до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за непознат сторител и додаде дека пристигнатите резултати од Франција ќе ги достават до јавниот обвинител и оти очекува наскоро разрешување на предметот.

На 21 јули годинава кај седум случаи во Македонија беше откриено присуството на бактеријата листерија од кои тројца завршија смртно. Подоцна беа откриени уште тројца заболени од кои двајца завршија смртно, со што вкупниот број на заболени од листерија изнесуваше 10, а смртноста пет лица.

Листеријата беше изолирана кај свински врат од производителот „Екстра меин“ – Куманово, а македонските институции беа обвинувани за нестручност и за намерно затворање на еден производител.

Според министерот Тодоров, резултатите од реномираните светски референтни лаборатории потврдуваат дека македонските институции се стручни и оти совесно си ја вршат работата.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство