Јолевски и Котески на средба со медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во 17-та ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Министерот Јолевски, како што соопшти МО, изразил задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА, при што  нагласил дека од 17-та ротација на АРМ во мисијата  АЛТЕА, очекувал продолжување на успешното претставување на АРМ и беспрекорно извршување на задачите.

Генералот Котески истакнал дека медицинскиот тим на АРМ во изминативе години на најдобар начин ги покажал способностите и интероперабилноста на АРМ во рамки на мисијата на ЕУ, но и оти има дадено огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија.

За време на средбата, министерот Јолевски и генералот Котески биле запознаени со работата и задачите на тимот во рамки на мисијата АЛТЕА.

Медицинскиот тим на АРМ ќе биде предводен од капетан Дејана Шврака, а  составен е од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамки на мисијата АЛТЕА е обезбедувањеопшта медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево.

По повод упатувањето на 17-та ротација на АРМ  во   мисијата АЛТЕА, денеска пред командата на бригадата за логистичка поддршка на АРМ ќе се одржи пригодна свеченост.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата