По смртта на својот сопруг, жена од Обединетите Арапски Емирати дошла до шокантно откритие – дека цело време била венчана за сопствениот татко. Она што било уште пошокантно е дека сите околу неа знаеле, а молчеле дека човекот со кого била 30-тина години во брак и бил биолошкиот татко.
Дури кога нејзиниот сопруг починал на 60 годишна возраст, до неа почнале да стигнуваат гласини дека се работи за човек кој би можел да и биде биолошкиот татко, кој таа никогаш не го запознала. Нејзиниот вујко бил единствениот кој имал храброст да и ја каже вистината, а дилемата ја потврдил и ДНК тест. Жената била шокирана дека човекот со кој имала и три деца и поминала долги години во брак е нејзиниот татко – пренесува весникот Емирати 24/7.
Приказната која вујко и ја раскажал на несреќната жена, била дека кога таа е зачната нејзиниот татко имал само 15 години. Кога имала само три месеци, младите родители ја предале на чување на нејзините баба и дедо. Дури во 9 година дознала дека нејзините родители всушност и се баба и дедо, а тетката и е мајка. Но, никогаш немала шанса ниту да дознае, ниту да го запознае својот татко.
Денес, 60 годишната жена смета дека нејзиниот сопруг знаел дека ја оженил својата ќерка, но никогаш не нашол храброст да и признае. Жената по шокантното откритие е приморана да посетува психијатри и терапевти.