Во Скопје денеска ќе се одржи петтата годишна средба на министрите од Западен Балкан задолжени за реформи во јавната администрација и евроинтеграции.
Целта на средбата е да се оценат резултатите и напредокот на земјите од Западен Балкан во примената на реформите во јавната администрација, како и да се разменат искуства за интеграцијата во ЕУ.
Состанокот е во организација на Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA). Домаќинот на состанокот, македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе го предаде претседавањето со РеСПА во 2015 година на Црна Гора.