Едноставно, мирисно и фино … Баш за уживање!
Потребно е:
4 големи печени црвени пиперки
75 гр фета сирење
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
прстофат свежо (или суво) оригано
малку сол (ако сирењето не е многу солено)
маслиново масло
Подготовка:
– Испечете ги пиперките, излупете ги и исчистете ги од семките. Оставете ги убаво да се изладат.
– Пиперките ставете ги во блендер, додадете маслиново масло, исецкано фета сирење, оригано, лукче и убаво иситнете ја целата смеса.
– Пробајте го намазот дали е доволно солен, ако не е додадете уште малку по вкус. Убаво измешајте.
– Овој вкусен намаз послужете го со парчиња препечен леб или фурнаринки.
Забелешка: Овој намаз може да го чувате во фрижидер 5-7 дена.