Кривични пријави за две лица поради недозволен риболов на Охридското Езеро

Од:

Заедничка контрола на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид и рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро на 15-ти овој месец заткнале две лица како вршат недозволен риболов со мрежи.

Според инфомрацијата од Регионалната канцеларија на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, две лица И.Г (29) и Б.С (32) во 22:30 часот биле затекнати како вршат кривилов кај местото наречено „Рибница“ во водите на Охридското Езеро, со мрежи за излов на белвица. Притоа тие користеле софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање.

Против двајцата Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид ќе поднесе сооодветни пријави.

Истовремено од Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и концесионерот „Пастрмка 2012“ од Охрид најавуваат интензивирање на контролите на Охридско Езеро, посебно пред претстојниот мрест на охридската пастрмка, притоа укажувајќи на нулта толеранција за прекршителите на Законот за рибарство и аквакултура и неговите подзаконски акти, како за рибокрадците така и за риболовците кои ловат без риболовна легитимација и дозвола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on