Уставен ја одложи расправата за имињата на училишта во Чаир

Од:

Уставниот суд на денешната седница ја одложи расправата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за преименување на четирите училишта во општина Чаир.

Подносител на иницијативата до Судот е Државниот инспекторат на Министерството за локална самоуправа, откако Советот на општина Чаир во 2012 година донесе одлука за преименување на училиштата „Никола Вапцаров“ „Јане Сандански“, „Цветан Димов“ и „Рајко Жинзифов“ во „Имри Елези“, „Јашар беј Шкупи“, „Хасан Приштина“ и „Исмаиљ Кемаљи“.

Судот денеска не поведе постапка за одредби од Законот за судски такси, од Законот за даночната постапка, како и за членови од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 17 февруари 2014 година.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир