Познатиот музичар Елтон Џон изјави дека папата Франциско е негов херој поради пристапот кој римокатоличкиот поглавар го има кон хомосексуалците и можноста црквата да ги прифати.
Елтон Џон тоа го изјави синоќа на донаторската вечера на неговата фондација за превенција и лекување на сидата во Њујорк.
– Тој човек треба да стане светец, ОК?, смета познатиот музичар, нарекувајќи го папата храбар и безстрашен.
Еден месец порано католичките бискупи не го прифатија прелиминарниот извештај со кој се зазема нов, попозитивен пристап кон хомосексуаците, изразувајќи длабока поделеност по тоа прашање на крајот на двонеделниот синод за семејството во Ватикан.