Американскиот интернационалец Дион Диксон е ново име во редовите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Тој доаѓа на проба и доколку она што го прикаже во наредниот период ги задоволи критериумите на стручниот штаб, ќе потише договор со шампионот до крајот на сезоната.
24-годишниот Диксон кој е висок 190 см, настапува на бековската позиција. Четири години беше дел од универзитетскиот тим на Синсинати Беркетс каде што одигра вкупно 137 натпревари. По дипломирањето интернационална кариера ја стартува на Кипар во тимот на АЕК Ларнака, додека минатата сезона ја помина во либанскиот Хоменетм во првенство каде што настапуваат доста квалитетни и скапи странци (екс репрезентативецот на Македонија Џеремаја Мејси). Добрите игри и одличниот просек од 23.9 поени заедно со 5.5 асистенции по натпревар му донесоа повеќе признанија меѓу кои и оние за играч на годината и најдобар странец во лигата.
Диксон нема да настапи на вечерашниот меч против Водњански Лисици, па неговиот деби настап во дресот на МЗТ Скопје најверојатно ќе биде против тимот на Цедевита, кој е закажан за недела од 18 часот.