На Хаваи можна евакуација поради лава

Од:

Дел од жителите на Хаваи се подготвуват за можна евакуација, бидејќи лавата од вулканот Килау се доближила до нивните куќи.

Како што соопштија властите жешката маса се движи кон местото Пахои, во рурално подрачје на Големиот остров.

Според американскиот геолошки институт, брзината на движење на лавата од недела до понеделник била од 250 метри на час, поради што вчера наутро се доближила на стотина метри од првите куќи.

Упатства за евакуација се издадени на жителите кои живеат низводно по течението на лавата, а затворени се и неколку патишта.

Лавата истекува од ерупцијата од 27-ми јуни, а вулканот Килау е активен уште од ерупција од пукнатина во 1983 година, поради што голем број туристи доаѓаат да го набљудуваат истекувањето на вжештената лава во Тихиот океан.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски