Лавров: Русија ќе ги признае резултатите од украинските избори

Од:

Русија ќе ги признае резултатите од украинските парламентарни избори, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изразувајќи надеж дека Киев ќе формира конструктивна влада и ќе работи на намалување на тензиите во земјата и подобрување на односите со Москва.

– Овие избори се одржаа, иако не на цела територија на Украина. Мислам дека ќе ги признаеме резултатите, бидејќи за нас е многу важно Украина конечно да добие раководство кое нема да се бори меѓу себе и нема да ја влече Украина кон Запад или кон Исток, туку ќе ги решава вистинските проблеми со кои земјата се соочува, истакна Лавров.

Тој нагласи дека Москва верува оти вчерашните парламентарни избори во Украина се регуларни и покрај бројните кршења на правилата.

Лавров додаде дека Русија се надева оти новата украинска влада ќе започне национален дијалог согласно договорот од Минск.

Би можело да ве интересира

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин