Во Кумановско пред стартот на грејната сезона продадени над 13 илјади кубни метри дрва

Од:

Пред стартот на грејната сезона, кумановци и жителите од соседните општини Липково и Старо Нагоричане купиле 13.000 кубни метри дрва, информираат од подрачната единица на  ЈП „Македонски Шуми“.

– Најголем процент од огревните дрва дури 80 проценти  се продадени по цена со попуст од 15 отсто за  социјално ранливите категории и 10 отсто за физичките лица. Можам да констатирам дека најголем процент од граѓаните го искористија попустот и навреме се снабдија со квалитетно огревно дрво, изјави директорот на кумановската подружница, Ваит Саити.

Тој нагласи дека дел од огревните дрва се дистрибуирани до компании и претпријатија кои преку основните синдикални организации склучуваат договори со претпријатието, овозможувајќи им на своите вработени плаќање на неколку месечни рати.

Во овој период кумановската подружница доставува огревни дрва во училишта во општините Старо Нагоричане и Липково.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он