Десетти повик за користење средства од ИПАРД

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави 10. јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија. Огласот трае до 10 декември годинава.

Парите од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за мерките за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање. Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресатаwww.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година